Кошаркарот Лука Дончиќ одигра уште една одлична партија во победата на Далас Маверикс против Лос Анџелес Клиперс со резултат 101:90, а на натпреварот дојде во своето ново милениче на четири тркала кое привлече големо внимание.
Лука е познат како голем љубител на автомобили, а на Инстаграм ден пред натпреварот се пофали со својот нов автомобил вреден 500.000 евра.
Станува збор за Chevrolet Camaro од 1968 година, кој е обоен во интересна комбинација на црна, виолетова и розова боја, а на него е бројот 77 кој го носи Дончиќ и логото на Џордан, кој е спонзор на патиките на Лука.
фото: Икс