More

    Кортни Кокс доби ѕвезда на Булеварот на славните

    spot_img

    Актерката Кортни Кокс доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

    Кокс (58), која светската слава ја стекна со улогата на Моника во еден од најпопуларните ситкоми на сите времиња, „Пријатели“, стана 2.750-та личност на оваа чест.

    Според Дејли Мејл, актерката ја поддржале пријателите и колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон (Рејчел) и Лиза Кудроу (Фиби), како и нејзиниот долгогодишен партнер Џони Мекдејд и ќерката Коко Аркет.

    „Чест ни е да зборуваме во ваше име денес, како ваши колеги, пријатели, семејство и сестри. И сето тоа се случи бидејќи се знаеме долги години“, изјави Џенифер Анистон.

    Лиза Кудроу додаде дека се познаваат повеќе од 30 години.

    Кортни во својот говор им се заблагодари на пријателите.

    „Не можам да верувам дека сите мои пријатели се тука. Тоа е прекрасно чувство“, изјави актерката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img