Короната полека стивнува – 1 починат, 86 новозаболени лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Осумдесет и шест заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 2.359 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Новите случаи се во Скопје – 46, Битола – 23, Прилеп и Гостивар по 4, Куманово, Кавадарци и Велес по 2, Струмица, Кичево и Виница по 1.

Регистрирани се 9 реинфекции и 105 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80) во болнички услови, а имало и коморбидитети.

Досега во земјава со ковид-19 се дијагностицирани 308.964 лица, бројот на оздравени е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782. Во Скопје има 422 активни случаи, а во седум града нема ниту еден заболен.

Share This Article