Корона ја стресе Северна Кореја – Петти ден по ред има над 200.000 новозаразени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северна Кореја петти ден по ред објави дека има повеќе од 200.000 новозаразени пациенти кои страдаат од треска предизвикана од епидемијата на ковид-19, со што бројот на вакви случаи надмина повеќе од два милиона, јавија денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ја севернокорејската државната телевизија.

Актуелниот бран на инфекции со ковид-19 во Северна Кореја, објавен минатата недела, предизвика загриженост за недостаток на вакцини, несоодветна медицинска инфраструктура и потенцијална криза со храна во оваа 25-милионска земја, која одбива странска помош додека ги држи границите затворени.

Вчеравечер имало 219.030 нови лица со знаци на треска, со што вкупниот број на такви случаи достигна 2.460.640, соопшти Корејската централна телевизија (КЦТВ), цитирајќи податоци од државната администрација за борба против епидемијата.

Бројот на умрени досега достигна 66.

Јонхап не соопштува колку лица биле позитивни на ковид-19, а западните медиуми не се во можност засега да добијат независна потврда за податоците.

Со оглед на фактот дека во Северна Кореја нема национална кампања за вакцинација, додека капацитетот за тестирање е ограничен, експертите проценуваат дека податоците објавени од државните медиуми би можеле да бидат потценети и дека е тешко да се процени големината на бранот на пандемијата.

Share This Article