Наодите објавени во стручното списание Атеросклероза сугерираат дека искачувањето по 50 скалила дневно е поврзано со 20% помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести.
Истражувањето користело податоци за навиките за животниот стил на околу 460.000 возрасни лица од Велика Британија собрани во текот на 12 години. При пресметката на ризикот се користени податоци како семејна медицинска историја, генетски ризици и податоци за крвен притисок, пишува ПЛИВАздравље.
Качувањето по скали најмногу го намалува ризикот кај субјектите кои не припаѓаат на високоризичната група на луѓе склони кон развој на срцеви заболувања, додаваат британските научници.