Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со Microsoft Outlook и Teams
На проблеми со Teams и Outlook се пожалија и корисниците од Хрватска.
Многу корисници ширум светот утрово не можеа да ја проверат својата е-пошта поради проблеми со Microsoft Outlook и Teams.
Според downdetector.co.uk, веб-страница која ги следи прекините на технолошките и мобилните платформи, илјадници корисници го пријавиле проблемот.
На проблеми во работата на Teams и Outlook се пожалија и корисници од Хрватска, пишува Вечерњи лист.
„Истражуваме проблеми кои влијаат на повеќе услуги на Microsoft 365“, објави Мајкрософт на Твитер.