Службата за климатски промени Коперник (C3S) објави дека месец март оваа година е вториот најтопол март на глобално ниво.
Температурите беа натпросечни во јужна и централна Европа, а под просекот во поголемиот дел од северна Европа. Беше многу потопло од просекот низ огромното копно што ја покрива северна Африка, југозападна Русија и поголемиот дел од Азија, каде што беа поставени многу нови мартовски рекорди за високи температури. Значително надпросечните температури беа и над североисточниот дел на Северна Америка, Аргентина и соседните земји, голем дел од Австралија и крајбрежниот Антарктик. Од друга страна, беше многу поладно од просекот во западна и централна Северна Америка.