Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонија во Скопје, е откажан поради технички причини, соопшти компанијата „Чујте и почујте“.
Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата.
Наскоро ќе има информација за нов датум.