More

    Концерт на „Пијано трио“, по повод нивниот 10 годишен јубилеј

    spot_img

    Со особено задоволство го најавуваме утрешниот концерт на „Пијано трио“, по повод нивниот 10 годишен јубилеј. Составено од тројца етаблирани музичари –  Татијана Петрушевска Караскаковска, прва
    обоа во оркестарот на НОБ; Марјан Милошевски, прв  фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ; Петар Макариевски, пијанист и уметнички соработник при ФДУ. Тројца докажани уметници, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, во 2014 година формираа свое трио. Убедени дека
    постоење на камерни состави од секаков вид е потребно и продуктивно за музичарите како од аспект на соработка така и од потребата за зголемување на репертоарот, но и изведувањето на дела кои не се само за соло инструмент туку се во соработка со други инструменти. Формацијата на ова трио овозможува широк репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за концертните подиуми.  Х. Брод; Т. Лалие; К. Фридеман; В.А. Моцарт; Ф. Пуланк; Г.Ф. Хендл; А. Вивалди; А. Рајхенауер; Л.В. Бетовен; М. Глинка; Ж. Франсе се само дел од композиторите кои се на репертоарот на ова трио кои битолчани ќе можат да ги проследат.  утревечер во Свечената сала на офицерскиот дом-КИЦ Битола, со почеток во 20.00 ч.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img