More

    Конго-Кримска треска откриена кај крлежи во Скопско

    spot_img

    Крлежи носители на Конго-кримска хеморагична треска се откриени во скопскиот регион во вонредната акција што ја спроведе Комисијата за заразни болести откако се појавија првите два случаи на заболени со овој вирус во земјава. Кај крлежите заловени во штипскиот и во велешкиот регион не била откриена Конго-кримската хеморагична треска.

    Оваа информација за Плусинфо ја сподели претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски, кој повторно потенцираше дека нема место за паника. Тој препорачува луѓето да бидат внимателни кога се движат во природа.

    – Првично заловените крлежи од штипскиот и од велешкиот регион се тестирани и кај нив не е откриен вирус на Конго-кримска хеморагична треска. Вирус е откриен кај крлежи од скопскиот регион. Овие резултати треба да се сумираат до крајот на неделава, по што ќе се планираат и соодветни мерки – ни изјави Петличковски.

    Дел од инфектолозите во земјава предупредуваат дека лица каснати од крлежи може да пројават симптоми на Конго-кримска хеморагична треска, дури и три години по каснувањето.

    – Пристигнуваат пациенти со симптоми кои се слични како оние за Конго-кримска хеморагична треска, но немаат каснување од крлежи. Дури откако ќе ги завршиме потребните анализи и разговори со пациентот ќе добиеме информација дека лицето било каснато од крлежи пред 2 или 3 години – сведочат инфектолози.

    Д-р Петличковски потврди дека е можно подоцнежно појавување на симптоми на Конго-кримска хеморагична треска, но најчесто тие се јавуваат 5-7 дена по каснувањето.

    – Касно започнување на симптоми е можно, но типично симптомите се јавуваат 5-7 дена од каснувањето на крлежот. За да се олесни работата на инфектолозите при одредувањето на дијагнозата, добро е пациентите да потсетат кога и дали некогаш биле каснати од крлеж – вели Петличковски.

    Една жена почина, двајца заболени оздравеа

    Во средината на август беше регистриран првиот случај со Конго-кримска хеморагична треска во земјава. 27-годишната жена од штипското село Кучица се лекуваше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, но по неколку дена почина. Во процесот на лекување, од неа се зарази болничарка на Клиниката, чија состојба беше стабилна. Во Институтот за јавно здравје потоа информираа за трет случај, рибар од Велес кој исто така беше каснат од крлеж.

    – Моите информации се дека лекуваните пациенти се добро и не се веќе во болница – ни рече Петличковски.

    За добрата состојба на пациентите заболени со Конго-Кримската хеморагична треска ни потврди и директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ.

    Според податоците на СЗО, Конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) е широко распространета болест предизвикана од вирус кој го пренесуваат крлежи (Nairovirus) од семејството Bunyaviridae. Вирусот предизвикува сериозни епидемиски вирални заболувања со стапка на смртност од 10-40%.

    Вирусот е ендемичен во Африка, на Балканот, Блискиот Исток и во азиските земји јужно од 50-тата паралела на север, што претставува географска граница на главниот вектор на крлежите.

    Како се пренесува?

    Конго-кримскиот вирус се пренесува на луѓе или со каснување од крлеж или преку контакт со заразена животинска крв или ткива за време и веднаш по колењето. Најголемиот број од случаите се евидентираат кај луѓе вклучени во сточарската индустрија, како што се земјоделски работници, работници во кланици и ветеринари.

    Преносот од човек на човек може да настане како резултат на близок контакт со крвта, секретот, органите или другите телесни течности на заразените лица. Инфекциите стекнати во болница може да се појават и поради несоодветна стерилизација на медицинската опрема, повторна употреба на игли и контаминација на медицинските материјали.

    Кои се првите симптоми?

    Должината на периодот на инкубација зависи од начинот на добивање на вирусот. По каснувањето, периодот на инкубација е обично еден до три дена, максимум девет дена. Периодот на инкубација по контакт со заразена крв или ткива обично е пет до шест дена, со документиран максимум од 13 дена.

    Почетокот на симптомите е ненадеен, со треска, миалгија (болка во мускулите), вртоглавица, болки во вратот и вкочанетост, болки во грбот, главоболка, болки во очите и фотофобија (чувствителност на светлина). Може да се јави и гадење, повраќање, диареа, абдоминална болка и болки во грлото, проследени со остри промени во расположението и конфузија. По два до четири дена, симптомите може да се заменат со поспаност, депресија и мачнина, а абдоменалната болка може да се локализира во горниот десен квадрант, со забележлива хепатомегалија (зголемување на црниот дроб).

    Други клинички знаци вклучуваат тахикардија, лимфаденопатија (зголемени лимфни јазли) и петехијален осип (осип предизвикан од крварење во кожата) на внатрешните мукозни површини, како што се устата и грлото, како и на кожата.

    Вообичаено се јавуваат симптоми за хепатитис, а тешко болните пациенти може да доживеат брзо откажување на бубрезите, ненадејно откажување на црниот дроб и белите дробови.

    Стапката на смртност од вирусот е околу 30%, при што смртта се јавува во втората недела од болеста. Кај пациентите кои закрепнуваат, подобрувањето генерално започнува на деветтиот или десеттиот ден по почетокот на болеста.

    Како се лекува?

    Заболените се третираат со општа нега. Најчесто се користи антивирусниот лек „рибавирин“ кој покажува ефекти, без оглед дали се зема орално или интравенозно.

    Иако постои вакцина против вирусот добиена од мозок на глушец и се користи во мал обем во источна Европа, во моментов не постои безбедна и ефикасна вакцина широко достапна за човечка употреба.

    Во отсуство на вакцина, единствениот начин да се намали заканата за луѓето е преку подигање на свеста за факторите на ризик и едукација на луѓето за мерките што можат да ги преземат за да се намали изложеноста на вирусот.

    Совети за заштита

    Советите за јавно здравје треба да се фокусираат на неколку аспекти. Најважно е намалувањето на ризикот за пренос од крлеж на човек, и притоа се даваат следните препораки:

    Носете заштитна облека (долги ракави, долги панталони).

    Носете облека со светла боја за да овозможите лесно откривање на крлежи на облеката.

    Користете одобрени акарициди (хемикалии наменети за убивање крлежи) на облеката.

    Користете одобрени препарати за заштита на кожата и облеката.

    Редовно испитувајте ја облеката и кожата за крлежи, ако најдете, отстранете ги безбедно.

    Обидете се да ги елиминирате или контролирате наездите од крлежи на животни или во штали и амбари.

    Избегнувајте области каде крлежите се изобилни и годишните времиња кога се најактивни.

    Намалување на ризикот од пренос од животно на човек:

    Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни или нивните ткива во ендемични области, особено за време на постапките на колење, касапење и убивање во кланици или дома.

    Станете ги животните во карантин пред да влезат во кланици или редовно третирајте ги животните со пестициди две недели пред колењето.

    Намалување на ризикот од пренос од човек на човек во заедницата:

    Избегнувајте близок физички контакт со лица инфицирани со вирусот.

    Носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болни луѓе.

    Редовно мијте ги рацете по нега или посета на болни луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img