Конфликтот во Израел се проширува и на северната граница на земјата каде израелските трупи со тенкови денеска ја нападнаа граничната област во соседен Либан.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари објави на социјалните мрежи дека израелски тенкови сега ја напаѓаат областа во Либан од која претходно бил нападнат градот Метула во северниот дел на Израел.
Израелските власти објавија дела две лица се ранети во бомбардирањето на Метула, град во северен Израел. Градот се наоѓа по сината линија на ОН што ги дели Израел и Либан од 2000 година.