Повеќечасовни рафални пукотници се слушаа денес во зелениот појас на Суботица, Макова седмица.
Станува збор за место на кое има повеќе неформални криумчарски пунктови и каде што и претходно се случувало да има вооружени пресметки на спротивставени криумчарски банди.
Најсериозниот судир беше лани во јули кога беа повредени повеќе луѓе, а имаше и еден загинат.
Како што објавуваат српските медиуми, полицијата излегла на терен, а на жителите во тој дел од Суботица кои и ја повикале полицијата, им било речено да не излегуваат од домовите.
Полицијата се сомнева дека станува збор за пресметка меѓу азиланти.