Конечно пронајден најефективниот лек за мамурлак!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси секој сака да се релаксира овде-онде со чашка алкохолен пијалок, понекогаш претерува, а потоа за жал следува период на агонија и непријатност наречени – мамурлак.

Мачна главоболка, гадење во стомакот, недостаток на апетит и аверзија кон течности се убиствена комбинација утрото по прејадување. Мамурлакот може да трае со часови по будењето, а постојат различни докажани и недокажани методи на лекување. Но, докторот Крис Џексон мисли дека нашол лек за мамурлакот и овој метод го смета за најефикасен.

Лекар тврди дека се што ви е потребно за да го излекувате мамурлакот е ледена вода. Треба да наполните сад со ледена вода и да го потопите лицето во него. Докторот тврди дека тогаш во вас ќе се разбуди нуркачкиот рефлекс, односно ќе се вклучи делот од мозокот кој е одговорен за варење и ќе ви помогне при гадење.

Лицето треба да го држите во вода 10 до 15 секунди и да го потопите најмалку три пати, нагласи тој.

„Помага при мигрена, анксиозност, мамурлак и прави чуда“, рекол Џексон, а многу корисници на TikTok тврдат дека овој метод навистина функционира, пишува Klik.hr.

Share This Article