Холивудскиот актер Бред Пит се труди да не го експонира својот приватен живот после разводот од Анџелина Џоли кој се случи во 2016 година, па неговиот живот после крахот на бракот не е толку познат.
Постоеја гласини дека тој е во врска со мажената германска инфлуенсерка Никол Потуралски, иако веќе две години се пишува дека Пит е во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон (34).
Таа во времето кога почнаа да го поврзуваат со неа била во брак, а годинава ја завршила бракоразводната парница со актерот Пол Весли.
Бред и Инес се трудат да ја зачуваат својата приватност, но „Дејли мејл“ успеа да ги улови во романтичен момент, додека шетаат прегрнати .
Актерот носел кафе во рацете, а делувале многу опуштено заедно. Ова не е првпат папараците да ги фатат заедно, но во претходните прилики се труделе да не се допираат.
Пит и Инес првпат заедно биле забележани на концерт во Лос Анџелес во ноември 2022 година, а неколку денови подоцна извор близок до двојката за „People“ изјавил дека тие се гледаат неколку месеци.
Инес има 34 години, а убавиот актер веќе е шеесетгодишен маж.