More

    Конечно е целосно изгаснат пожарот во магацините на компанијата „Пофикс” кој избувна во поранешниот тутунски комбинат „Македонија Табак”

    spot_img

    Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, преку социјалните мрежи објави дека конечно е целосно изгаснат пожарот во магацините на компанијата „Пофикс” кој вчера избувна во поранешниот тутунски комбинат „Македонија Табак”.

    Пожарот започна вчера во 9:30 часот, а при крајот на денот се локализираше. Ноќеска и до попладневните часови сѐ уште имаше чад и непријатен мирис од ова место на излезот од Тетово кон Скопје.

    „По многу напори на екипата на Територијалната противпожарна единица и доброволци, конечно е изгаснат пожарот во магацинот на фабриката ‘Пофикс‘. Напорите на нашите херои го дадоа долгоочекуваниот резултат. Ваквите настани посакувам да не се повторат, со надеж дека иднината ќе биде добра и светла. Благодарност до сите учесници кои помогнаа во овие два исклучително тешки дена“, порача Касами.

    Вчера од пожарната информираа дека неколкумина нивни колеги се полесно повредени или задушени поради интензивниот чад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img