Конечната казна за Трамп натежна за уште 100 милиони долари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE - Former President Donald Trump speaks at a campaign rally, Saturday, Dec. 16, 2023, in Durham, N.H. Trump is facing criticism for repeatedly harnessing rhetoric once used by Adolf Hitler to argue that immigrants entering the U.S. illegally are “poisoning the blood of our country. Trump insists he had no idea that one of the world’s most reviled and infamous figures once used similar words. (AP Photo/Reba Saldanha, File)

Државната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс, соопшти дека е подготвена да започне процес на конфискација на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој не може да ги плати 454,8 милиони долари утврдени со пресудата.

Во петокот, на Трамп му беше наредено да плати 354,8 милиони долари и дополнителни 100 милиони долари камата, откако судијата Артур Енгорон утврди дека поранешниот претседател на САД погрешно ја претставил својата нето вредност за да добие подобри услови за заем.

– Доколку нема средства да плати, ќе бараме механизми за извршување на суд и ќе побараме од судијата да му го заплени имотот – рече Џејмс во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Share This Article