Коњаницата тргна од Горно Лисиче за Крушево

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во организација на здружението „Илинденски коњички марш 1978“, 45-ти пат по ред, илинденската коњаница со дефиле низ општината Аеродром ги одржа завршните подготовки за традиционалниот марш до Крушево со кој се одбележува 120-годишнината од Илинденското востание.

Во отсуство на поддршката која здружението секоја година ја добиваше од Министерството за култура, оваа година единствен финансиски поддржувач на настанот е Општина Аеродром.

На подготовките на коњаницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека општината и во иднина ќе дава поддршка на вакви настани и иницијативи кои имаат големо значење за македонската култура и традиција.

– На мое задоволство, вчера присуствував на подготвителните активности на Илинденската коњаница, која по 45-ти пат тргнува од Горно Лисиче кон Крушево. На учесниците им посакав среќен и мирен пат, бидејќи тие се хероите на новото време во кое живееме, личности кои со својата храброст секоја година на автентичен начин ја пренесува пораката за издржливоста и упорноста на борците за слободна, независна и самостојна Македонија – напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.

Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник нѐ потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин.

Share This Article