Кон Кина ќе потечат 48 милијарди кубни метри гас

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полето Ковикта ќе стане најголемото наоѓалиште на гас во Сибир, а најважната рута за транспорт на гас ќе работи со полн капацитет, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на церемонијата на официјалното пуштање во употреба на споменатото наоѓалиште и на новиот дел од гасоводот „Моќта на Сибир“ низ кој тече гас за Кина. Путин присуствуваше на церемонијата онлајн.

Полето Ковикта е најголемо во источен Сибир, со проектирани резерви на гас од 1,8 трилиони кубни метри и гасен кондензат од 65,7 милиони тони.

Руските медиуми пишуваат дека  веќе е изградена гасоводната делница Ковикта-Каханда, долга 804 километри која се повезува со гасоводот „Моќта на Сибир“.

Ова е вториот дел од гасоводот„Моќта на Сибир“, кој ја снабдува Кина со гас. Првиот – од полето Чајандинск во Јакутија до Благовешченск (границата со Кина) – беше лансиран во 2019 година.

Се проценува дека вкупниот обем на испораки на гас  ќе се зголеми на 48 милијарди кубни метри гас годишно, а земајќи го предвид рускиот гасовод „Моќта на Сибир 2“ и неговото продолжување низ Монголија – гасоводот „Сојуз Восток“  извозот на гас во Кина може да се зголеми за уште 50 милијарди кубни метри годишно.

Share This Article