Непознати лица синоќа на плоштадот Скендербег во Скопје поставија транспарент со порака која најверојатно е предизвикана од случувањата на северот на Косово.
„Долга река Ибр. Крв од планина. Две глави има орелот, а една е во Митровица“, пишуваше на транспарентот кои го држеа десетина лица.
На фотографијата која се споделува на социјалните мрежи се гледа и албансккото знаме и уште еден транспарент.