Компанијата на Марк Цукерберг планира да отпушти уште 1.000 работници. Лани „Мета“ отпушти 11.000 вработени како резултат на намалените приходи од реклами.
Според она што е најавено, компанијата сега интересот го префрла на проектот „metaverse“, платформа за виртуелна реалност.
Плановите за подготовка за отпуштања би можеле да завршат во текот на следната недела.
Вработените беа изненадени од ноемвриските отпуштања, а бидејќи Цукерберг ја нарече 2023 година „година на ефикасност“, тие очекуваат повеќе кругови на отпуштања.