Компанијата „Алкалоид“ АД Скопје е прогласена за водечки инвеститор во регионот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Компанијата „Алкалоид“ АД Скопје е прогласена за водечки инвеститор во регионот на церемонијата организирана од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WБ6ЦИФ) за оддавање признанија за најдобрите и најуспешни компании во регионот.

– За време на 9-децениското работење „Алкалоид“ е компанија која поминувала низ многу предизвици, но секогаш константа биле инвестициите. Во последните три децении ние посебно се посветивме на континуирано инвестирање во проширување на производните погони, во нови технологии, во истражување и развој и секако во добри и квалитетни кадри. Во последните 5 години посебно инвестиравме во регионот, ние си го доживуваме и третираме како домашен пазар. Тоа е инвестиција од 104,1 милиони евра со што покажуваме колку нам ни значи регионот – изјави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов.

Тој смета дека регионот заеднички треба да ги баре синергиите за компаниите да бидат многу поконкурентни.

– Заедно да инвестираме, да градиме и да влијаеме да ги задржиме младите луѓе да останат тука во Македонија, во регионот, со целото нивно знаење кое го имааат за да можат нашите компании да одат напред. Што повеќе отворени средби, што повеќе разговори, што повеќе вмрежување за заеднички да градиме една додадена вредност. Доколку се отвориме едни кон други мислам дека сериозно можеме да одиме напред и да покажеме дека во овој регион има капацитет има знаење и дека овој регион може да ствара многу, многу нова додадена вредност – додаде Мукаетов по примањето на наградата.

Share This Article