Компаниите се крстат дека „Бехтел и Енка“ ќе го пробие патот за увоз на странска работна сила

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

И покрај најавата дека ќе се олесни постапката за вработување на странски работници во домашните компании, владата скоро ништо не направила во овој период. Актуелниот закон е строг, а не се работи за негова промена или за промена на другата регулатива која е поврзана со вработувањето странци во земјава. Бизнисот, пак, бара брзи промени за да не се зголеми бројот на компании кои се затвораат поради недостиг на кадри.

Потреба од работници има во скоро сите сектори кои се обидуваат да влезат во квотата од 5.000 работници утврдена од државата.

– Нема никакво помрднување во однос на олеснување на процесот за увоз на работници од странство. Компаниите се обидуваат самите да донесат работници, но иако на прв поглед процедурите се лесни има низа пречки кои го одолговлекуваат процесот, а нас ни треба брза реакција, бидејќи испораките за партнерите не можат да чекаат. Така се доведуваме во ситуација и онаму каде што можеме да постигнеме успех, тој да изостане. Институциите не сакаат да разберат дека невработените што останаа во земјава не сакаат да работат или чекаат вработување во јавниот сектор каде што мислат дека е полесно да се работи. Само во нашиот сектор има неколку компании кои се обидуваат со месеци да донесат по неколку работници, а странските партнери бараат да го прошират производството. Кај мене во „Мода“ засега издржуваме со привремени вработувања на постари лица кои не можат да одговорат квалитетно на работата, но по две години ќе мора да увеземе странци бидејќи ќе имаме поголем број пензионирања – вели Ангел Димитров, сопственик на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе и член на Организацијата на работодавачи.

За него е неразбирливо зошто власта се плаши од увоз на странци и не сака да признае дека во земјава нема веќе работна сила која сака да работи, а економијата и државата тонат.

– Работниците заминаа, а тие што останаа не сакаат да работат, а тоа се гледа во сите сектори од преработувачката индустрија преку угостителството, земјоделството до градежништвото. Секаде се потребни работници, а владата се плаши да ги олесни процедурите за добивање виза и да ги зголеми квотите за странци, не размислувајќи дека со тоа ѝ штети на домашната економија и со тоа на државата која постепено тоне. Мислам дека потребите на конзорциумот „Бехтел и Енка“ од работници веќе го покажуваат проблемот – вели тој.

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво во Стопанската комора вели дека потребите на градежниот сектор се проценуваат на 20.000 работници кои во отсуство на интерес на државата компаниите сами се снаоѓаат да ги донесат за да можат да ги завршат проектите.

– Интересен е фактот што сега веќе имаме проблем со работници во компаниите од градежништвото за производство, а помалку во изведбата. Секоја компанија на свој начин го решава проблемот преку агенции од регионот. Нашите потреби се високи и затоа бараме зголемување на квотите за вработување странци за 10.000 до 20.000 само во секторот – вели Серафимовски.

Тој се надева дека со олеснувањето на процедурите за увоз на работници за изградба на автопатиштата кои треба да ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ и нашите компании ќе добијат олеснувања за увоз на работници за сопствените потреби.

– Се надевам дека до крајот на годината владата ќе биде свесна со каков проблем се соочуваме и ќе го почне процесот на олеснување на процедурите и промена на законите, бидејќи одамна ние немаме работници во секторот, а и целата економија има потреба од работници кои ние ги немаме поради неправилните политики, условите во семјата, условите во компаниите и условите во кои живеат самите граѓани – вели тој.

- Advertisement -
Ad image

Сегашните процени се дека увоз на работник од Далечниот Исток чини и до 2.000 евра бидејќи компанијата треба да обезбеди авионска карта, дозволи, медицински прегледи и сместување.

Во отсуство на интерес кај државните институции, коморите преку агенцијата „Коузон“ подготвуваат проект за олеснување на процедурите кој треба да биде готов наскоро и да се достави до институциите.

Зоран Кочоски од агенцијата „Коузон“ вели дека има огромни потреби за увоз на работници од странство, но и дека е потребна соодветна регулација на овој увоз почнувајќи од утврдување на потребите кои сега никој не знае колкави се, преку изработка на стратегија за тоа, па сѐ до остварување на правата на овие работници за здравствено осигурување и можност за останување во земјава.

- Advertisement -
Ad image

– Ако Германија која е една од најсилните економии може поради потребите на компаниите од работници да ги олеснува процедурите секоја година, зошто Македонија која е слаба економија не може да го направи тоа. Според она што го согледав има потреба од измени на повеќе закони кои треба да ги направат неколку министерства координирано. Потребно е да се утврдат и потребите од работници кои треба да се увезат и да се подготви стратегија. Да се утврди нивниот статус дали ќе биде привремен или ќе има можност тие да останат подолг период и да се интегрираат во општеството, а се утврдат нивните права од работа и здравствено и пензиско осигурување и низа други активности кои не може да се реализираат ако државните институции не соработуваат – вели Кочовски.

Покрај другото, според него, треба да се дефинира под кои услови ќе треба да се прави интервентен увоз на работници и кој ќе утврдува дали треба тоа да се направи.

Кочоски вели дека процесот може да се заврши брзо, но се зависи од интересот на институциите кој моментално е на ниско ниво.

Агенцијата „Коузон“ моментално работи на обезбедување на 30 до 50 работници од странство за одделни компании кои, како што вели Кочовски, ќе обезбедат работа за другите 250 работници на кои работата им зависи од работните места кои треба да се пополнат со странци.

Во земјава не се знае точниот број на работници кои се потребни на економијата. Владата кога ја најави потребата од увоз на работници соопшти дека се потребни околу 10.000 работници годишно.

Се проценува дека земјава од осамостојувањето ја напуштиле повеќе од 700.000 луѓе. Процесот не запира, а главна причина за заминувањето покрај ниските плати и стандард се и условите за живот.

Share This Article