Во изминатите осум месеци Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) издала лиценци за нови фотоволтаични централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 250 MW, соопшти претседателот на комисијата Марко Бислимоски.
– Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, во најголем дел тоа се компании кои поставуваат фотонапонски панели за да можат да ги задоволат потребите на основната дејност која ја работат. Или практично, со производството на струја од овие нови капацитети од обновливи извори може да се снабдуваат речиси 80.000 домаќинства- вели Бислимоски.
Тој информира и дека лани регулаторите издале лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од речиси 399 MW, додека во 2022 година се издадени лиценци за 152,2 MW.