More

    Комората укажа дека има застој во издавање градежни дозволи

    spot_img

    ДУИ нуди сеопфатна економска програма која по изборите ќе биде вид Рамковен договор меѓу сите политички партии, а бизнисот бара да бидат земени предвид основните приоритети: борба против корупцијата и криминалот, одговорност, рационално трошење на буџетските средства, завршување на процесот на гасификација, директна поддршка на извозните активности, транспарентност во трошењата на средствата за јавни набавки…

    Ова беше истакнато пред денешната средба на високото раководство на ДУИ, предводено од Крешник Бектеши, Артан Груби и Фатмир Бесими, со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и со неговиот тим.

    Азески во оваа прилика уште еднаш укажа дека има застој во издавањето на градежните дозволи. Според него, дозволите за инвестициска активност на фирмите и на граѓаните мора да имаат приоритет. Треба да се воспостави таков механизам зашто од тоа, напомена, зависат и БДП и другите параметри, а во спротивно, се репродуцираат трошоци.

    – Денеска, во својство на претставници на ДУИ заедно со првиот вицепремиер Груби и министерот за финансии, сме тука да го презентираме нашиот предлог во делот на економијата што се однесува до изборите и претседателски и парламентарни, а воедно и најважно од сѐ е да добиеме сугестии и конкретни предлози за да ги инкорпорираме. Со тоа да работиме кон насока на тоа што го презентираше претходно Груби заедно со Азески, а тоа е Рамковниот договор во делот на економијата. Што значи тоа? Тоа значи дека генерално сите политички партии каде што ќе се приклучи и ДУИ во наредниот период приоритет над приоритетите е да има економски развој, животниот стандард на граѓаните… Нашите предлози се базираат на три главни столба. Тоа е интегрирана економија, отворена економија, македонска економија, праведна економија во делот на легислативата и во делот на начинот како тоа се контролира согласно сите практики и директиви кои произлегуваат од ЕУ како што се антимонополските политики, како што се антидискриминаторските политики и други работи кои се предвидени во тој столб и третиот столб секако дека е зелена економија во делот на транзицијата, посебно во енергетскиот сектор, но не сам – рече Бектеши пред средбата.

    Претседателот на Комората, Азески рече дека тоа што Бектеши го нарекува „рамковен договор“ во однос на економијата, бизнисот го нарекува „договор за економски развој“. Се пофали дека и покрај бројните конфронтации, досега со врвот на ДУИ имал одлична соработка што е, оцени, голема новина на македонската економска и политичка сцена и треба да се негува. Тој порача дека без владеење на правото нема развој на бизнисот, ниту на државата.

    – Сфативме една лекција како бизнис низ овој процес – дека можеш да направиш што сакаш, можеш да изградиш во бизнисот што си замислил, но ако немаш владеење на правото во една држава, ако немаш пазарни принципи на вредности кон кои тежнееме, врзани за евроатлантските интеграции, не можеш да направиш ниеден отсто раст на БДП – рече Азески.

    Тој повтори дека за стопанството е клучна предвидливоста.

    – Предвидливоста може да гарантира зголемување на инвестициите и поголем број вработувања. Ние сме се конфронтирале за цели што се од интерес на државата и ќе продолжиме да работиме секој по својата патека за подобрување на состојбите. Сакам јавно да го поддржам предлогот на ДУИ јшто дојде и беше прво изнесен од првиот заменик премиер кога разговаравме за „Бехтел и Енка“. Тоа продолжи и понатаму во меѓусебните комуникации што ги имавме и нормално беше сега пред изборите да биде некако финализиран пакет. Што значи тоа? Ние не го нарекуваме „рамковен“, ние го нарекуваме договор за економски развој. Но, сакаме да има ограничување и рамки и нема да се расправаме сега за точки и за запирки, да ја гледаме суштината. Суштината е овој процес да отвори перспектива во која на бизнисот ќе му се даде приоритетно место во наредните 10 години и со тоа да достигнеме некои бројки потребни за одење во Брисел или за таму да бидеш примен – рече Азески.

    Во однос на одговорноста, објасни дека земјава мора да знае колкава ѝ е чергата.

    – Таа одговорност подразбира да видиме колку ни е чергата. Чергата се вика буџет. Да видиме колку можеме да прибереме средства, а колку трошиме зашто и дома и во фирмите, а и во државата, ист е принципот. Бараме јасни знаци и политики на новата влада за рационализација во тој процес, осмисленост и контрола на процесите внатре во Буџетот при префрлање средства како што ни се случува нас со капиталните инвестиции, да не бидат искористени па префрли ги на крај на година – имаме и такви и други работи. Транспарентност во трошењата кои се врзани за средствата за јавни набавки во кои мора да се изградат критериуми со кои сите ќе бидат задоволни и нема да се создава „кој е подобар, тој ќе биде избран“. Помина веќе времето да се вадиме и на неискуства и на проблеми кои постојат – истакна Азески и повтори дека економијата треба да биде приоритет во следните десет години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img