Комитите поставија огромно знаме на Камениот мост и упатија јасна порака

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска е роденден на ФК Вардар. Нашиот најтрофеен фудбалски колектив слави 76. години постоење, откако е основан на 22. јули 1947 година. По тој повод, денеска навивачката група Комити, која што во моментов и управува со клубот, преземајќи ги акциите од сега веќе екс сопственикот Слободан Крстевски Цобе, на Камениот мост во Скопје, симболот на нашиот главен град, поставија големо знаме честитајќи му го роденденот на својот омилен клуб.

Вардар во моментов е во незавидна ситуација, а Комитите пробуваат да го извлечат од калта.

„Мобилизацијата за новата сезона симболично започнува денес. Свесни сме сите, колку долго ја чекавме оваа сезона и колку долго се боревме за овој момент. Затоа, денешната најава од Камениот мост, нека биде порака до секој член на групата! Слушај инструкции, работи за трибината и биди спремен, тоа е сè што од тебе се бара! Нека крца трибината – нека се чудат сите!“, напишаа тие на Фејсбук.
Share This Article