Комисијата за заштита и спречување дискриминација ќе ја разгледува наводната согласност на Владата за поголема работна недела

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно е уште денеска да расправа по информацијата што ја соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дека Владата во договорот со „Бехтел и Енка“ наводно се согласила да ја зголеми работната недела од 40 на 60 часа и ако тоа не го стори за 45 дена, ќе треба да му плати огромни пенали на американско-турскиот конзорциум.

Ова денеска го кажа членот на Комисијата, Игор Јадровски, според кој, ако Комисијата добие претставка од граѓани, би постапувала согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

– Не можам да зборувам од име на Комисијата која е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство гласови. Она што можам да го кажам е дека ние секако ќе го испитаме ова и ќе видиме дали имам простор за покренување постапка по службена должност и понатаму, би покренале секако и чекори согласно законот. Најпрво, ова мора да биде прашање што ќе биде поставено на седница. Денеска имаме седница, но ова е премногу свежо, чинам излезе вчера во медиумите и немаше кога воопшто да го ставиме на разгледување. Мислам дека на денешната седница ова може да биде разгледано и подоцна да одлучиме дали ќе поведеме или нема да поведеме постапка по службена должност, а секако, доколку добиеме претставка од граѓани, би постапувале согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација – истакна Јадровски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за заштита на земјоделките од дискриминација во однос на породилно отсуство и боледување.

Информацијата дека Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела Николовски ја соопшти завчера, во телевизиско гостување.

Тој рече дека имал увид во договорот што Владата го потпишала со „Бехтел и Енка“  за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д и дека ова ексклузивно го кажува јавно.

Share This Article