Комисијата за заразни болести утре точно напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Комисијата за заразни болести утре точно напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата, потврди за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

– Комисијата за заразни болести ќе се состане утре во 12 часот и на состанокот ќе видиме за што ќе се разговара. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесени на утрешниот состанок, во форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот – изјави Мехмедовиќ.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Share This Article