More

    Комисијата за заразни болести бара засилени контроли во Скопје

    spot_img

    Комисијата за заразни болести по денешниот состанок препорача да се засили инспекцискиот надзор на Државниот и здравствен санитарен инспекторат на територијата на Скопје за да се добие целосна слика за состојбата со пертусис во градинките во главниот град. Д-р Мехмедовиќ кажа дека до денес се регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје. Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22.395 дози вакцини.

    – Со оваа мерка сакаме да видиме каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца во градинките и дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани деца во градинките – рече на денешната прес-конференција д-р Злате Мехмедовиќ.

    Следната препорака според Мехмедовиќ е да се овозможи тестирање за пертусис на територијата на целата земја што би го  спровеле центрите за јавно здравје, бидејќи досега во другите градови тоа не било можно. Отсега ќе се вршат тестови со ПЦР технологија, за разлика од досегашните тестови.

    – Комисијата како следна препорака ја истакна дигиталната евиденција за вакцинација на децата. Во вакциналните пунктови евиденцијата којашто се води дигитално да биде задолжителна за да имаме реална слика и подобар преглед на податоците за децата коишто се вакцинираат – рече Мехмедовиќ.

    Во однос на останатите препораки било разговарано дали и до каде е набавката на вакцините за возрасни против пертусис, а според информациите кои ги имаат, пратката ќе пристигне во Македонија на 15 март.

    Новиот директор на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана вели дека голем број заболени од голема кашлица може да се утврдат доколку населението масовно се тестира. Тој додаде дека возрасните не се ризична категорија, туку децата под две години. Според него, хаос ќе биде ако тргнат сите да прават тестови.

    – Имал кашлица која не била постојана, а пациентот немал друга клиничка слика, па направил тестирање на Институтот и имал пертусис. Возрасните луѓе не се ризична категорија за која треба да се грижиме. Ако го тестираме целото население ќе биде хаос и бројките ќе бидат и поголеми од предвидените. Целта на Комисијата за заразни болести е да се заштитат децата под две години. Засега, вкупно само 12 случаи се од Нова година наваму, прегледани и потврдени и последниот случај од вчера, кој е суспектен, но не е потврден резултатот, но клинички нè насочува на тоа – рече д-р Цана.

    Заразата со голема кашлица (пертусис) не е разгорена низ целата земја, а во Скопје е прогласена епидемија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img