Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, ги усвои, односно ги прифати барањата од поранешниот премиер Ковачевски и од поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски да добијат апанажа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, ги усвои, односно ги прифати барањата од поранешниот премиер Димитар Ковачевски и од поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да добијат апанажа.

Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, а тоа значи дека и двајцата цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно.

Единствено пратеници од СДСМ биле присутни во салата, а со седум гласа „за“ и без никаква дискусија биле усвоени решенијата.

– Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски кому функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата. И поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукциј – рече претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и ги стави предлозите на гласање.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.

Share This Article