More

    Комисијата продолжи каде што застана, опозицијата и натаму со долги разговори го оспорува изборот

    spot_img

    Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за кандидатот за уставен судија да биде Љубомир Јовески, актуелен јавен обвинител.

    Заменик координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова побара збор за процедурална забелешка повторно барајќи владејачкото мнозинство да го повлече предлогот Јовески да биде уставен судија. Исто така бараше претседателката на Комисијата Марија Георгиевска да каже по кој член ја продолжува седницата.

    Панова зборуваше и за преиспитување на постапката на Георгиевска која побара Татјана Васиќ Бојаџиев и Фатмир Скендер да бидат издвоени и Собранието да гласа нив и тие беа избрани за уставни судии.

    Седницата на Комисијата продолжи исто како и пред да прекине на средината на минатата година со долги говори на опозициските пратеници.

    Панова зборуваше еден час, а за збор се пријавени главно пратеници од опозицијата. Претседателката на Комисијата констатираше дека Панова побарала процедурална забелешка, но дека не кажала која е забелешката. Исто така кажа дека ако сметаат дека треба да бараат преиспитување на нејзината работа, ќе се изјасни пред Собранието.

    На Комисијата за прашања на изборите и именувањата имаше девет предлози за уставни судии, три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата. Освен овие тројца, беа предложени и професорката Родна Живковска, пензионираниот професор Саво Климовски, шефот на Вишото обвинителство Штип, Тодор Витларов, охридскиот обвинител Воислав Димоски, управната судијка од Битола, Весна Јовановска и пензионираниот гостиварски судија Бранко Секулоски.

    Во меѓувреме во пензија замина уште и уставната судијка Вангелина Маркудова, така што Собранието треба да започне постапка за избор на уште еден уставен судија.

    Минатата недела од Уставниот суд повторно упатија апел до Собранието да се изберат тројца судии, со цел Судот непречено да функционира како што е предвидено со Уставот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img