More

    Комисијата препорача во болница сепак да се става маска

    spot_img

    Комисијата за заразни болести ќе им препорача на Владата, Министерството за здравство и на Главниот координативен кризен штаб да се укинат сите задолжителни мерки против ковид-19. Ова се однесува на задолжителното носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и домовите за стари лица и домовите за лица со посебни потреби.

    Дооктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, вели дека препораката прозлегува од одлуката Светската здравствена организација да се стави крај на пандемијата и поради намалениот број на новозаразени со овој вирус.

    – Со оваа одлука, целта е и да направиме транзиција од пандемиско ниво, да го третираме ковид-19 како вообичаена заразна болест. Како Комисија би сакале да препорачаме, со оглед на позитивното искуство кое покажа како може да се превенираат интерхоспиталните инфекции, болестите кои се пренесуваат, дополнителното оптоварување со таквиот вид на болести, и понатаму да се носат маски во болниците, и на лицата кои ќе се најдат таму и на оние кои одат во посета. Ова особено се однесува на лицата кои се во високоризичните групи – рече д-р Мехмедовиќ .

    На денешниот состанок Комисијата за заразни болести дискутирала за тоа извештаите за коронавирусот да се прават еднаш месечно, како што е за другите респираторни болести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img