Комесарот в понеделник доаѓа во Скопје, а потоа оди во Тирана и во Сараево

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, в понеделник ќе допатува во Скопје, во рамки на неговата посета на регионот, којашто почнува од утре до 16 март, при што освен земјава, ќе ги посети и Албанија и Босна и Херцеговина.

Во Скопје Борел ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собрание Талат Џафери и лидерите на опозициските партии.

„Посетата на Борел на регионот ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот исто така во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина“, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава.

Од Скопје, високиот претставник на ЕУ ќе отпатува за Тирана, каде што ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, како и со други претставници на власта и граѓанското општество.

Борел в среда ќе допатува во Сараево, каде што прво ќе ја посети операцијата на ЕУФОР Алтеа, а потоа ќе се сретне со властите на БиХ и со претставници на политички опозициски партии, како и на граѓанското општество. 

Share This Article