На Педагошкиот факултет при „Св. Климент Охридски“ – Скопје в среда (5.7.2023 г.) во 10:00 часот во Амфитеатарот на Факултетот ќе се одржи Комеморативна седница во спомен на професорот и поранешен декан на овој факултет, проф. д-р Владо Тимовски – соопшти Деканатската управа на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Проф. д-р Владо Тимовски беше долгогодишен педагошки работник, професор и педагог, автор на повеќе стручни трудови од областа на образованието, од кои најзначајно е делото „Образованието и религијата“, издадено во 2005 година. Беше и претседател на Домот на просветните работници.
Проф. Тимовски почина во петокот (30.6.2003) во Скопје, а погребот се изврши во неделата во струмичкото село Ново Коњарево.