Колони возила и на Богородица и на Табановце, се чека по 45 минути

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Се чека за влез во земјава на Табановце и за излез на Богородица. Вака утрово изгледаат граничните премини кои периодов се најоптоварени.

На видеата од камерите поставени на граничните премини се гледаат колоните возила на Богородица кои чекаат за влез во Грција. Околу 45 минути се чека на Табановце за влез во Македонија според АМСМ, додека според сведочењата на луѓето на граничниот премин, чекањата се подолги.

На овие два гранични премини последниов месец речиси секојдневно во одделени делови од денот има големи гужви со оглед на тоа дека покрај македонските туристи, низ земјава минуваат и Србите, но и голе делм други странски туристи кои одат за Грција.

Share This Article