На лагите дека поседувам куќа во Црна Гора, ниту не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук како одговор на, како што вели, пермантнтната црна кампања што се води против него.
„Гледам дека СДСМ овие денови води кампања со прикажување на фотографии со луѓе кои ниту се мои соработници, ниту пак, освен сликањето имам било каква близина. Тоа е нивниот избор за дефокус од големите теми и водењето на перманентна црна кампања против мене која им се удира од глава секој ден.
Осудени се последователно неколку пати и тоа од ова нивно судство за ширење на лажни вести, клеветење и невистини. Од истиот центар, но преку друг канал кој ги ширеше лажни вести, одново се осудени дека ме клеветеле невистинито, овој пат дека наводно сум купил и реновирал куќа во Козле од еден милион евра.
Докажано е дека Бриф.мк лажеше и апсолутно ширеше невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра.
На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се позлобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, да ги смениме и да ја изградиме Македонија.
Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина“ – пишува Мицкоски во својот статус на Фејсбук.