More

    Колку од овие пари завршија во земјава?

    spot_img

    Германскиот трговски суфицит е намален во јули 16,8 милијарди евра, бидејќи месечниот извоз е зголемен за 1,7 отсто, а увозот за 5,4 отсто, покажуваат прелиминарните податоци на германската статистика организација Дестатис објавени денеска.

    Вредноста на вкупниот германски извоз во јули изнесува 130 милијарди евра, а вредноста на увозот 113,2 милијарди евра, наведува Дестатис.

    Најголемиот трговски партнер на земјава Германија во јули увезла стоки во износ од  53,9 милијарди евра од земјите надвор од Европската Унија, а извезла стоки во износ од  57,9 милијарди евра.

    Македонските компании меѓутоа месечно успеваат  да заработат 225 милиони евра од овој германски увоз. Последните податоци за јули покажуваат дека за една година од извозот во Германија сме заработиле 1,886 милијарди евра  што е помалку во однос на истиот период лани за 347.264 милиони евра или намалување од 15,5% во однос на истиот период лани.

    Во ЕУ Германија во јули извезла стока во вредност од 72,1 милијарди евра, а од овие земји увезла стока за 59,3 милијарди евра.

    На годишна основа, вкупниот германски извоз е намален за 1,2%, а увозот за 0,1% во однос на јули 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img