Мандарините се богати со бројни витамини, ги стимулираат мозочните функции и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив и да се држиме до препорачаната дневна доза.
Мандарините имаат неодолив вкус, освежуваат и се вистинско богатство на здравјето. Тие се богати со витамин Ц и витамини од групата Б, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Исто така, ова овошје ги стимулира мозочните функции и придонесува за подобра меморија.
Во остатокот од текстот погледнете зошто треба редовно да консумирате мандарини, колку калории содржат и колку овошја се препорачува да се јаде дневно.
Хранливата вредност на мандарини
Мандарината е нискокалорично овошје богато со витамини, минерали и антиоксиданси, а тие се одличен извор на многу важни хранливи материи. Една средна мандарина (околу 88 грама) содржи:
47 калории
12 грама јаглени хидрати
2 грама влакна
9 грама шеќер
0,7 грама протеини
0,3 грама масти
26% од дневната потреба за витамин Ц
Покрај тоа, мандарините исто така содржат значителни количини на магнезиум. калиум, бакар и железо. Овие мали плодови се вистинска нутритивна бомба која може значително да придонесе за секојдневното внесување на витамини и минерали.
Здравствени придобивки од мандарини
Редовното консумирање мандарини носи бројни здравствени придобивки, како што се зајакнување на имунитетот, подобрување на здравјето на срцето и кожата. Тоа е вкусно, нискокалорично овошје кое обезбедува многу основни хранливи материи кои го поддржуваат целокупното здравје.
Иако не постои строго правило за тоа колку мандарини треба да се јаде дневно, експертите препорачуваат консумирање 2-3 мандарини дневно како дел од урамнотежена исхрана. Ова ќе ви обезбеди доволен внес на витамин Ц и други важни хранливи материи, без прекумерно внесување на шеќер.