Колку долго можете да чувате варено пилешко во фрижидер?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дали некогаш сте се запрашале колку долго можете да чувате варено или печено пилешко во фрижидер?

Одделот за земјоделство на САД препорачува да јадете остатоци од пилешко во рок од три до четири дена од подготовката, бидејќи треба да се чува во фрижидер на температура од околу 4,5 ° C.

Ризикот од развој на бактерии е неизбежен доколку пилешкото стои во фрижидер повеќе од три или четири дена.

Постојат два вида бактерии кои можат да предизвикаат расипување на храната. Едниот вид се патогени бактерии кои предизвикуваат труење со храна или други болести кои се пренесуваат преку храната, а другиот се расипувачки бактерии кои предизвикуваат храната да има непријатен вкус, изглед и мирис.

Секогаш е подобро да се биде безбеден отколку да се ризикува со храна за која не сте сигурни дека е сепак добра.

Од друга страна, замрзнатото пилешко може да го чувате во замрзнувач до четири месеци, пренесува USA Today. Ако се работи за пилешки супа или пилешки сос, тогаш можете да го чувате во замрзнувач до шест месеци, според USDA. Медалјоните од пилешко можете да ги чувате замрзнати до три месеци.

Share This Article