Колку долго може да издржи храната во фрижидер ако нема струја?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Следете ги овие стручни совети за да ја чувате храната во фрижидер кога ќе снема струја.

Најпрво, најважно е како ќе ја распоредите храната во фрижидер и замрзнувач. Расиплива храна, како јајца и млеко, не треба да се чуваат во вратите бидејќи температурата е поверојатно да варира отколку на полиците каде што е порамномерна, пишува Readers’ Digest.

Температурата на фрижидерот треба да биде 4 степени Целзиусови или пониска, а температурата на замрзнувачот да биде 0 степени или пониска, за да може храната добро да се зачува.

Следно, експертите ве советуваат да складирате шишиња со мраз или замрзнати вода што можете да ги ставите во фрижидер околу неколку часа по прекинот на струја, што му овозможува на фрижидерот да се излади подолго.

Исто така, важно е фрижидерот да се чува затворен, односно да се отвора што помалку, па добро е при рака да имате храна која не се расипува, како конзервирана храна, тестенини, грав и сл.

Колку долго може да трае храната?
Колку долго ќе трае храната во фрижидер и замрзнувач зависи од тоа колку е полна. Ако има многу замрзната храна, температурата ќе биде подобро регулирана и помала е веројатноста да се стопи. Приближно 48 часа во полн фрижидер без струја и 24 часа во полуполн фрижидер.

Тоа зависи и од видот на храната. На пример, јајцата и млекото, ако се на висока температура повеќе од два часа, ќе почнат да се расипуваат. Суровото месо мора да биде добро завиткано, особено во замрзнувачот, за да се спречи истекување за време на одмрзнувањето.

Цврстите сирења како пармезанот не треба брзо да се расипуваат, додека меките сирења како моцарела, рикота или крем сирењето се поподложни на расипување.

Додека зеленчукот и овошјето, ако не се исечени на парчиња, како и храната со висока содржина на киселина како сосови, кисели краставички и џемови, можат да издржат малку повисоки температури.

- Advertisement -
Ad image

Доколку прекинот на струја трае подолго од четири часа, храната што се препорачува да се фрли е месо, риба, јајца и некои сирења. Задолжително проверете ја состојбата на храната и доколку се сомневате дека е расипана, подобро е да ја фрлите.

Share This Article