More

    Колинда Грабар Китаровиќ раскажува за „руската хибридна акција“ во Хрватска

    spot_img

    „Но Путин ми рече, во еден од отворените разговори што ги имавме, дека за жал ги оставил Словенија и Хрватска да се измолкнат и да станат членки на ЕУ и НАТО, но дека нема да дозволи други земји да заминат“.

    Вака изјави поранешната претседателка на хрватска, Колина Грабар Китаровиќ во 47-минутно интервју за поткастот „One Decision“ на поранешниот директор на британската надворешна разузнавачка служба Ми6.

    Хрватскиот Н1 пренесува дека во изјавата Грабар Китаровиќ мисли на разговара со рускиот претседател кој се случил пред влезот на Црна Гора во НАТО. Таа во интерразговорот бил „значаен затоа што (Русите) буквално се обиделе да предизвикаат државен удар пред да влезе Црна Гора“.

    Таа предупреди дека Путин „повторно создава сфери на влијание“, но дека оди „многу подалеку од сферата на влијание што Руското Царство, на пример, ја имало на Балканот.

     

     

    На прашањето зошто загубила од актуелниот претседател Зоран Милановиќ на претседателските избори во 2020 година таа вели дека тоа е поради „руска хибридна акција“.

    – ЛНГ-терминалот беше најголемата точка на расправија со Русија и веројатно беше причина за хибридните акции за време на изборната кампања, што придонесе за резултатот од изборите во 2020 година – рече Грабар Китаровиќ.

    Поранешната претседателка на Хрватска исто така рече дека во нејзината земја нема проруски електорат и дека оние што се отворено проруски се „мотивирани од економски интереси“ поврзани со руското влијание врз енергетскиот сектор.

    Грабар Китаровиќ предупреди дека „оние што се против влезот на Босна и Херцеговина во НАТО и ЕУ“ користат изговори за тоа да не се случи, оценувајќи дека требало да се искористи моментот од пред неколку години кога целото раководство на Босна и Херцеговина се согласи да се приклучи на акциониот план за членство (МАП) во НАТО „вклучувајќи го (претседателот на Република Српска Милорад) Додик“.

    Таа додаде дека денес Додик е „проруски и пропутиновски настроен“ и дека „добива инструкции од Путин или од некој друг од Русија“.

    – За жал, ја загубивме можноста бидејќи Република Српска сега јасно става до знаење дека не сака ниту во НАТО ниту во ЕУ – заклучува таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img