Поранешната претседателка на Р.Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ се појави на осминафиналето од Лигата на шампионите во Париз, а внимание привлече натписот на нејзиниот дрес.
Дека Грабар Китаровиќ го сака фудбалот не е ништо ново, а доказ за тоа е нејзината последна објава на Инстаграм од трибините на стадионот Парк Принцови каде го следеше натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн.
Внимание привлече натписот на нејзината маица на кој пишува: „Јас сум кралицата во паркот на принцот“.Поранешната претседателка често може да се види на спортски настани, а беше и жестока навивачка на фудбалската репрезентација на Светското првенство во Катар, каде што привлече внимание и со своите модни изјави.