Снежните врнежи во понеделникот предизвикаа проблеми во сообраќајот во поголемиот дел од Босна и Херцеговина, а во Унско-санскиот кантон поради тоа беше откажана наставата во сите училишта.
На клучниот пат М-17 од северот на државата кон Сараево, бројни камиони останаа заглавени во снегот, па сообраќајот се одвива со долготрајни застои и ограничувања на делницата меѓу Жепч и Маглај кај тунелот Караула.
Сообраќајот на главниот пат Градачац-Орманица е запрен, а воведена е и обврска за користење синџири за сите товарни возила на речиси сите планински превои, потврдија од Авто-мото клубот Босна и Херцеговина (БИХАМК).
Претежно врне во областа на Херцеговина, но на сите кои планираат да патуваат од БИХАМК им е упатено предупредување внимателно да ја следат временската прогноза.
БХ Метео најави дека денеска и утре ќе има снег.
„До четврток, поголемиот дел од земјата очекува големи количества снег какви што немавме со години“, велат тие.