Која земја ќе ја искористи шансата?

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Планетата Земја забрзано се загрева и црвениот аларм веќе е вклучен. Глобалното затоплување претставува ризик фактор кој може да предизвика суша, недостиг на вода и да доведе до непоправливи ефекти врз животната средина. Токму заради овие опасности, еден од последните договори кој се потпиша е т. н Зелен договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. Ова значи дека европските држави се обврзуваат за премин кон зелена енергетска транзија. И Македонија исто така ветува посветеност кон овој Договор, кој предвидува намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, зелена транзиција кон обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, воспоставување циркуларна економија.

Што значи „зелена енергетска транцизија“

Ако ги следиме информациите во домашните медиуми, на оваа тема не се посветува речиси никакво внимание. Од време на време темата се појавува во некоја емисија или некој текст на он – лајн медиумите. Што значи зелената транзиција во нашиот секојдневен живот? Пред да може да инсталирате соларен панел на покривот, да се возите во електричен автобус или автомобил, производителите прво треба да се „фатат“ за клучните метали и минерали, како бакар, никел, литиум, алуминиум итн.

Енергетската транзиција се однесува на промената на глобалниот енергетски сектор од системи за производство и потрошувачка на енергија засновани на фосили – вклучувајќи нафта, природен гас и јаглен – кон обновливи извори на енергија како ветер и сончева енергија.

Во многу случаи, енергијата на ветерот стана поевтина од традиционалните извори на енергија кои имаат висока содржина на јаглерод.Транзицијата на зелената енергија, процесот на префрлање од фосилните горива кон обновливите извори на енергија како што се соларната, ветерната, хидроелектричната, геотермалната, водородната или енергијата од биомаса, е од клучно значење за ограничување на глобалното затоплување.

Каде е тука клучната улога на секторот „Рударство“?

Улогата на рударството во зелената енергетска транзиција е до толку значајна што слободно можеме да кажеме дека без рудници за бакар нема да има никаква зелена енергетска транзиција. Побарувачката за рудни богатства во наредниот период ќе продолжи забрзано да расте, затоа што „зелената транзиција“, односно преминот на одржливи извори на енергија не е можен без користење на разновидни метали. Тоа денес е едно од најзначајните прашања за Европската Унија.

На пример, за да се префрли на користење на 100% обновлива енергија, на светот ќе му треба онолку бакар во следните две децении колку што до сега светот има искористено бакар од почетокот на цивилизацијата.

Бакарни жици ќе бидат потребни за речиси секоја компонента на оваа промена, од уредите и автомобилите напојувани од зелени извори на енергија до обновливите централи и самите соларни панели.

- Advertisement -
Ad image

Среброто е потребно за суперпроводни жици во турбините на ветер, а огромни количини на никел и литиум исто така ќе бидат неопходни за изградба на батериите за складирање на електрична енергија од обновливи извори.

Додадете ги на тоа алуминиумот и железото кои се клучни за изградба на инфраструктура за зелена енергија.

За среќа, овие метали се широко распространети и се наоѓаат во повеќето земји, вклучувајќи го и поголемиот дел од Европа.

- Advertisement -
Ad image

Европа мора да стане рударски континент и независна од ресурси

Ако Европа не стане рударски континент, ќе стане зависна за ресурси од земји како Кина, особено кога станува збор за литиум, а да се биде зависен од меѓународните синџири на снабдување за клучни ресурси е неодржливо.

Затоа во државите низ Европа веќе работат модерни рудници кои не значат „згура“ и „јаловишта“, тоа што е случај за застарените рудници. Рударскиот сектор во денешниот свет на иновации е свртен кон т.н „рударство без нарушување“ (Non-disruptive mining ) и овде Шведска е пионeр. Во овој контекст, рударството треба да се види она што е, а тоа е основата на зелената енергетска транзиција и енергетската независност на Европа.

За да продолжат истражување и да се откриваат нови наоѓалишта на метали, од кои некои ги има во изобилство, треба да се промени имиџот на рударската индустрија, согласни се и европските експерти.

Многу од граѓаните, велат тие, се против рудници затоа што оваа област за нив е непозната. Тие, треба да се информираат дека ерата на модерното рударство е ера на одржливо, етично и одговорно рударство.

Македонија да ја зграпчи шансата во рударската индустрија

Ако се има предвид оваа состојба Македонија треба што побрзо да ја препознае и искористи шансата за развој на рударскиот сектор со оглед на тоа што во изминатите 40 години нема отворено нов рудник, освен Боров Дол кој претставува површински коп и продолжување на векот на работата на Бучим за минимум десет години.

Секако, ова ќе се случи доколку надлежните имаат визија за економски напредок на земјава, со тоа што ќе ја препознаат шансата за забрзан економски развој и ќе создадат поволна клима за влез, а не за „сиктер“ на компаниите од рударскиот сектор. На државата и се потребни лидери кои треба да сфатат дека негативна кампања за рудниците е погубна. Затоа државниците, заедно со експертите од оваа област и еко-активистите треба да создадат услови за работа на модерни рударски компании, согласно сите законски прописи.

Share This Article