More

    Која е новата девојка на францускиот актер Венсан Касел со која ја замени манекенката Тина Кунаки

    spot_img

    Многумина се прашуваат која е новата девојка на францускиот актер Венсан Касел со која ја замени манекенката Тина Кунаки…

    Помина веќе половина година откако еден од најкоментираните парови стави точка на љубовниот однос. Имено, кога Венсан Касел ги избриша сите фотографии со 30 години помладата Тина Кунаки, многумина сфатија дека на нивниот љубовен однос дошол крајот. Имало и такви кои верувале дека ќе дојде до нивно смирување, но сега се чини дека нема ништо од тоа поради тоа што се појавија вести дека Касел нашол нова девојка.

    По разделбата, Венсан често се појавувал во јавноста, видно насмеан и расположен, додека Кунаки била во  поразлично расположение.

    Во јавноста излегувала прилично несредена и нерасположена, а многумина коментирале дека по неа се гледа дека разводот тешко ѝ паднал. Меѓутоа, времето го направило своето, а Тина максимално се посветила на себе, па конечно ја вратила насмевката на лицето.

    Долго време се шпекулирало за тоа дека Венсан бил претерано љубоморен и дека на својата 30 години помлада избраничка ѝ забранувал многу работи. Како што пренесуваат странските медиуми, до разводот дошло поради тоа што Касел ја изневерил Тина, баш како и својата прва сопруга Моника Белучи. Наводно тој бил виновникот за раскинувањето.

    Веќе подолго време Венсан има нова девојка. Како и Тина, и таа е помлада од него 30 години, а станува збор за Нара Баптиста, манекенка која има 27 години и бразилско и австралиско потекло.

    Прво сѐ се сведувало на флерт по пат на социјалните мрежи, а потоа по пат на Инстаграм покажале дека се во Рио де Жанеиро, па дури и биле забележани на еден настан којшто ја промовира културата на афроамериканските заедници.

    Убавата манекенка на социјалните мрежи објавила низа фотографии во кои во описот напишала „твоја“ на што Касел на португалски одговорил – „твој“.

    Интересно е тоа што Нара неодоливо потсетува на Тина, па многумина коментираат дека актерот ја нашол нејзината копија, а голема случајност е и тоа што таа од Касел е помлада 30 години.

    Инаку, Венсан со Тина ја има ќерката Амазони, а со Моника Белучи ќерките Дева и Леони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img