Познатиот холивудски актер, 60-годишниот Бред Пит, во неделата пристигна на филмскиот фестивал во Венеција со својата девојка Инес де Рамон која е 29 години помлада од него. Неа ја поврзуваат со актерот од крајот на 2022 година.
Од 2019 до 2022 година, таа беше во брак со Пол Весли, ѕвездата на серијата „Вемпајр дајарис“ (The Vampire Diaries). Инес и Пол се венчаа на мала церемонија во 2019 година, а за време на нивниот краток брак не се појавуваа често во јавноста. Нивниот развод беше финализиран на почетокот на оваа година, пишува Дејли мејл.
Инес доаѓа од Њу Џерси, а дипломирала бизнис-администрација на Универзитетот во Женева во 2013 година. Според нејзиниот профил на Линкдин, од 2020 година работи како менаџер во „Anita Ko Jewelry“, чии познати клиенти меѓу другите ги вклучуваат и Кортни Кардашијан и Хејли Бибер.
Работела и во други улоги во индустријата за накит и мода, вклучувајќи ги „Christie’s“ и „De Grisogono“. Инес е полиглот бидејќи зборува англиски, шпански, француски и германски јазик. Покрај тоа, таа е и сертифициран здравствен тренер за интегративна исхрана.
Инес првпат беше видена во јавноста со Бред на концертот на ирскиот музичар Боно во Лос Анџелес во ноември 2022 година. Тие го направија своето деби на црвениот тепих на 81-от филмски фестивал во Венеција со Џорџ и Амал Клуни на првата официјална проекција на филмот „Волци“.
Инес во Венеција реши да носи бел фустан, сребрена чанта со светки и впечатливи обетки.
Де Рамон се пресели кај Бред во Лос Анџелес во февруари оваа година. Ова е прва сериозна врска на Бред по разводот со Анџелина Џоли. Оттогаш, работите станаа посериозни бидејќи летото го поминаа во Шато Миравал, француската винарија што актерот некогаш ја делеше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
Анџелина, пак, во Венеција беше придружувана од раперот Акала, за кој веќе некое време се шпекулира дека ѝ е нов партнер. Станува збор за Кингсли Џејмс Меклин Дејли, со кого актерката се поврзува од крајот на минатата година.
Џоли и Акала ја чуваат својата врска од јавноста, но познато е дека тие веќе патувале заедно. Во мај, лани, тие ја посетија Јамајка, а на крајот на декември беа видени на вечера во луксузен ресторан во Милано.