More

    Која е максималната температура што можеме да ја издржиме?

    spot_img

    Субјективното чувство на жештина во некои градови во последните денови надмина 40 степени Целзиусови, а ни надворешната температура не беше многу пониска.

    На социјалните мрежи можеше да се види дека живата во термометрите ги удира максималните 50 степени, а многумина се прашуваат уште колку можат да издржат.

    Научници го одговорија ова прашање уште во 2010 година. Всушност, истражувањата покажуваат дека „температурата на влажниот термометар“ треба да биде 35 степени, при 100% влажност или 46 степени при 50% влажност, за да се утврди горната граница на безбедност, пишува српски Новости.

    Имено, над овие температури телото повеќе не може природно да се олади со потење за да се одржи стабилна телесна температура. Прекумерното прегревање може да доведе до топлотен удар, па дури и до смрт.

    Метеорологот Иван Ристиќ објаснува што всушност значат овие максимални вредности што човек може да ги издржи.

    – Тоа значи дека надворешната температура е 35 степени со влажност од 100%. Овие температури ги имавме изминативе денови, но влажноста на воздухот е околу 20%. Да беше 100%, никој немаше да издржи – објаснува Ристиќ, говорејќи за времето во Србија.

    Но, се случило да има и 100% влажност на воздухот.

    – Влажноста на воздухот во претходниот бран беше околу 100% речиси секој ден. Деновиве беше 26 степени со 50% влажност. А таму каде што беше околу 20 степени, има 100% влажност. И денеска е 40 степени со 20 проценти влажност. Кај нас ако температурата е повисока, тогаш влажноста се намалува – објасни Ристиќ.

    Всушност, овие „убиствени“ температури се типични за далечните делови на планетата.

    – Тоа се вредности поврзани со тропската клима и со дождовните шуми, каде што влажноста е многу висока. Таму дојденците не можат долго да издржат. Тоа е на Екваторот, каде што врне секој ден, а температурите се околу 30 степени – додава тој.

    Сепак, на овие простори, нема толкава влага во воздухот, што го зголемува прагот на температурата која може да се издржи.

    За да проверите колкава е влажноста на воздухот во различни делови од Македонија, посетете ја веб-страницата Агрометео.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img