Која е компанијата Бехтел што ќе ги гради македонските патишта

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Корпорацијата Бехтел (Bechtel Corporation) е американска градежна и проектантска компанија основана во Сан Франциско, а има седиште и во Рестон, Вирџинија. Станува збор за корпорација со голема традиција и импресивно портфолио, со огромен годишен обрт и операции на сите континенти, која има тесни врски со американската влада и особено со армијата на САД. Многу нејзини проекти имаат и политичко значење, а нејзини врвни менаџери заземале високи позиции во американската администрација.

Браната Хувер на реката Колорадо

Почетоците на Бехтел се повеќе од скромни. Основана е во 1898 година како мала компанија од ранчерот и одгледувач на говеда Ворен А. Бехтел, кој го напуштил сточарството и почнал со неколку мазги да работи на изградба на железницата во Оклахома. Добивал подизведувачки работи на железницата, а откако купил багер на пареа, меѓу првите во тоа време, неговата компанија почнала да добива многу зделки.

Во 1925 година таа станува корпорација Бехтел, заедно со синовите и браќата на Борен Бехтел. Почнува на големо да гради патишта, мостови и автопати низ западниот дел на САД. Компанијата работи на своите први хидроцентрали во дваесеттите години на минатиот век во Калифорнија.

Од тогаш до сега нејзиното портфолио е импресивно. Ја има изградено прочуената брана Хувер на Кањонот на Колорадо, нејзин проект е тунелот под Ла Манш меѓу Франција и Обединетото Кралствометрото во Атина, работела на санирањето на нуклеарката Чернобил после хаваријата, како и на реставрација на кувајтските нафтени капацитети после Војната во заливот. Бехтел има изградено бројни подземни железници и метроа низ САД и надвор од САД, нејзин проект е познатиот Бостонски централен тунел, Брзиот транспортен (рапид) систем во Областа на Заливот на Сан Франциско и многу други.

Нејзино дело е најголемиот индустриски град на Блискиот Исток, Џунаил, изграден во 70-тите во Саудиска Арабија, како и неброени хидроцентрали, мостови, автопати и железнички пруги… Во последно време Бехтел гради и соларни и нуклеарни централи, како и постројки за производство и транспорт на течен гас.

Оваа компанија тесно соработува со американските вооружени сили и работи на проекти и истражувања за потребите на американската армија во сферата на развојот на нуклеарни централи како и нуклеарни ракетни системи, во соработка со Министерството за одбрана на САД.

Тунелот под Ла Манш е дело на Бехтел

 

Неколку високи директори на Бехтел во одредени периоди имале важни позиции во владата на САД. Во кабинетот на Роналд Реган имало двајца поранешни директори на Бехтел: Каспар Вајнбергер и Џорџ Шулц, едниот бил секретар за одбрана, а другиот државен секретар.

Компанијата има огромна инфраструктура на повеќе континенти. Главните оперативни локации на Бехтел во САД се во Хјустон, Вашингтон Ди-Си, Сан Франциско, Рестон, Вирџинија, а надвор од САД во Бризбејн, Калгари, Дубаи, Лондон, Њу Делхи, Сантијаго, Шангај, Најроби, Тајпеј и други.

- Advertisement -
Ad image

Во 2017 година Бехтел е рангирана од магазинот „Форбс“ како 8. по големина приватна компанија во САД според вкупниот обрт, а 7. на листата на „Форчн“ на 25 најважни приватни компании во САД. Дваесет години по ред е рангирана како најголема градежна компанија во САД според вкупниот обрт, а 12. во светот на листата од 250 најголеми меѓународни градежни компании.

Share This Article