Топлотниот бран што ја зафати Македонија зема замав. Максималната температура денеска во одреднеи делови од земјата ќе достигне и до 40 степени. Докторите упатуваат предупредување и препорака луѓето да не излегуваат надвор доколку немаат неодложна потреба.
Од УХМР за денеска најавуваат претежно сончево и многу топло време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. УВ факторот ќе биде 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од 19 до 39 степени.
Најтопло ќе биде долж Повардариетои особено во јужните делови на земјата, а најсвежо со 30 степени ќе бицде во Маврово.