Аргентинецот Маурисио Покетино (49) и Холанѓанецот Ерик тен Хаг (52) се главни кандидати да седнат на клупата на англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед, јавија денеска британските медиуми.
Јунјатед во моментов го предводи германскиот стратег Ралф Рангник (63), кој на крајот на сезоната ќе ја замени тренерската со советничка улога во која ќе остане на „Олд Трафорд“ во следните две години.
Лондонски „Дејли Мејл“ објави дека фудбалерите на Јунајтед за нов тренер го посакуваат Покетино, додека Тен Хаг е фаворитот на Рангник.
Аргентинецот во моментов е на клупата на ПСЖ, додека Тен Хаг е тренер на Ајакс.