More

    Кој ќе биде новиот пејач на „Парни ваљак“?

    spot_img

    Пред нешто повеќе од една година нè напушти Аки Рахимовски, а освен што со неговото заминување музичката сцена остана без легендата, без својот фронтмен остана и „Парни ваљак“.

    Долго време се зборуваше кој би можел да го замени Аки во бендот, а иако се шпекулираше дека тоа би можел да биде младиот пејач Филип Рудан, кој веќе одржа неколку концерти со „Парни ваљак“, се чини дека новиот фронтмен ќе биде музичарот Игор Дрвенкар.

     

    За коментар на гласините, од хрватски „Индекс“ се обратиле до Хусеин Хасанефендиќ Хус, кој наводно повторно го обединил бендот и го имал главниот збор во изборот на новиот пејач, а тој не сакал да ги потврди ниту да ги демантира наводите.

    „Кон средината на март ќе ги соопштиме и споделиме со публиката сите детали околу понатамошните активности на „Парни ваљак“, па дотогаш ве молам за малку повеќе трпение“, рече тој.

    Доколку гласините се покажат точни, на местото на Аки ќе дојде 31-годишниот Игор Дрвенкар.

    Игор пееше во различни бендови и се испроба во неколку мјузикли, меѓу кои „Исус Христос Суперѕвезда“ и „Убавицата и ѕверот“.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img